Лориен го изненади актуелниот првак Лил со триумф од 2-1 на стартот од петтото коло во Лига 1. Данските доги повторно се „сопнаа“ и за нив ова е втор пораз по пет првенствени натпревари, во кои освоија само пет бода од максимални 15.
Данските доги не делуваат така опасно како во минатата сезона во која по четврти пат се искачија на фудбалскиот трон во Франција, а доколку продолжат со овој ритам може уште сега да се простат од одбрана на титулата, иако ова е само воведен дел од шампионатот.
Домаќините во седмата минута поведоа преку Лориенте, откако претходно Мофи приреди спринтерско шоу и асистираше за водечкиот гол. Гостите веќе во 25-тата минута се вратија во игра со помош на точно изведениот пенал на Јилмас, но во финишот брзоногиот Нигериец одново ја израдува домашната публика, откако асистенцијата за првиот гол ја круниса со реализација вредна за три бода.
Лориен сега има осум бода по пет кола и ќе преноќи на четвртото место на табелата, додека Лил во однос на останатите резултати сигурно ќе доживее пад на табелата во Лига 1, засега со пет бода стои на 10-тото место.