Кевин Принс Боатенг се откажа од брат му

Кевин Принс Боатенг јавно откри дека се откажува од својот брат Жером Боатенг, кој се најде во центарот на скандалот дека физички ја нападнал поранешната девојка. Жером се појави пред судот во Минхен за напад на Шерин Сенлер, со која беше во врска.

Жером се спаси да не оди во затвор, но затоа ќе мора да плати казна од 1,8 милиони евра. Кевин Принс Боатенг вели дека тој воопшто не сака да има нешто со својот брат.

„Одамна се дистанцирав од него. Ги почитувам германските закони и го презирам насилството врз жените. Не ги одобрувам неговите постапки и со него веќе немам ништо“, беше пораката од Кевин Принс.

Двајцата браќа започнаа во Херта Берлин, а Жером имаше подобра кариера и играше за Хамбургер, Манчестер сити, Баерн Минхен. Со германскиот гигант во изминативе 10 години ги освои сите можни трофеи. Од оваа сезона Жером е нов член на Олимпик Лион.

И Кевин Принс играше за големи клубови како Барселона и Милан, но никаде не се задржа долго. Двајцата браќа дури настапуваа и за различни репрезентации. Жером го носеше германскиот дрес, додека Кевин Принс реши да игра за Гана.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести