Нов момент што е многу непријатен се случи на меч од Втората данска лига, а Весам Абу Али по еден час игра на мечот меѓу Вендсисел и Лингби падна на теренот без контакт со противнички играч и веднаш е пренсен во болница.
Не се знае се уште причината поради која играчот на домаќините загуби свест, а натпреварот е прекинат и нема да се доигра денеска.
Се уште нема информации од болницата за состојбата на данскиот играч, кој има потекло од Палестина.
Претходно летово имаше неколку вакви случаи, а и Европското првенстви почна со проблемите на Кристијан Ериксен, исто така Данец, кој сепак мина без последици, иако доживеа срцев удар на терен на мечот меѓу неговата репрезенатција и Финска.
Потоа и на играчот на Бордо, Самуел Калу му се случи истото, падна на терен без допир, но тој успеа по пет минути да стане на нозе и сам да излезе од терен.