Борусија Дортмунд отпатува за Монако без шестмина првотимци во пресрет на мечот од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите. „Милионерите“ ќе бидат значително ослабени. Поради лесни повреди нема да настапат Марко Ројс, Томас Дилејни, Лукаш Пишчек и Јакуб Брун Ларсен, додека од обврски се ослободени Џејдон Санчо и Аксел Вицел.
Луцијан Фавр на „Луј Втори“ ќе предводи комбиниран состав, со кој ќе се обиде да ја забележи четвртата победа во групата А и на тој начин како првопласирани да се пласираат во нокаут-фазата. Дортмунд веќе обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи, но засега е втор со 10 бода, зад Атлетико Мадрид, кој има два повеќе.
Средбата е закажана за утре, со почеток од 21 часот.