Мемфис Депај и Роберт Левандовски ќе бидат во центарот на вниманието за помалку од еден час, во дербито меѓу Барселона и Баерн Минхен. И двајцата голгетери кои се наоѓаат во супер форма, ќе ги предводат своите тимови во борбата за првите бодови од групата Е.
Одличниот Холанѓанец од почетокот на оваа натпреварувачка сезона има постигнато осум погодоци во дресот на каталонскиот гигант и за својата селекција. Додека, пак, баварската гол машина има еден повеќе.
Тренерот на Барса, Роналд Куман, се соочува со неколку отсуства од типот на: Агуеро, Дембеле, Фати и Брајтвајт, кај Баерн, пак, го нема само Толисо, па затоа и гостите се благи фаворити според коефициентите во Sport Life.
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Пике, Араухо, Гарсија, Албам Роберто, Бускетс, Педри, Лук де Јонг, Френки де Јонг, Депај.
БАЕРН МИНХЕН: Нојер, Дејвис, Упамекано, Зуле, Павар, Горецка, Мусијала, Кимих, Сане, Милер, Левандовски.