Модриќ: Луѓето не се свесни колку е добар Бензема

Лука Модриќ во интервју за француски „Телефут“ изјави дека напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е подобар играч отколку што мислат луѓето. Хрватот додека играл за Тотенхем, имал понуда и од ПСЖ, но кога дошла понудата од Реал, немало дилеми каде ќе ја продолжи кариерата.

„Кога разбрав дека за мене има интерес од Реал Мадрид, ништо друго не беше важно. Ова не е потценување на ПСЖ или на друг клуб, не ми е тоа намерата, но во мислите ми беше само Реал“, вели најдобриот светски фудбалер за 2018 година.

За односот со Рафаел Варан, Модриќ рече дека немаат никаков проблем, Лука му честитал на Рафаел за светската титула, а Французинот му честитал на Модриќ за Златната топка. Што се однесува до Бензема, Модриќ кажа само комплименти.

„Луѓето не се свесни колку е добар Бензема и колку тој е важен за нашата екипа“, рече Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести