Фудбалска „фешта“ во Прилеп, Вардар доаѓа на мегдан со Победа

Победа – Вардар дефинитивно е најинтересниот натпревар (15:00 часот) од 1/16 финалето од Купот на Македонија. Во Прилеп денеска доаѓа најтрофејниот колектив, а двете екипи немаат право на грешка, што ја прави оваа средба уште поинтересна.

Некогаш ова беше големо прволигашко дерби кое редовно привлекуваше голем број навивачи, сега двете екипи гледаат начин да се вратат во елитата. Сепак, и купот претставува одлична можност да се направи солиден резултат, па зошто да не и излез во Европа.

Покрај овој меч, во понудата на Sport Life ги има и натпреварите Гостивар – Ренова, Каменица Саса – Струга Трим Лум, Слога 1934 Виница – Работнички, Воска Спорт – Брегалница, Љуботен – Пелистер.

 

И преостанатите натпревари од оваа фаза во Купот на Македонија се играат исто така од 15 часот:

Беса – Скопје

Детонит – Македонија ЃП

Кораб – Беласица

Лок. Градско – Охрид

Новаци – Тиквеш

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести