Благодарение на Михаил Антонио, екипата на Вест хем го постигна првиот гол во едно од евронатпреварувањата по пауза од 22 години. На мечот против Динамо Загреб, Чеканите водат на полувремето со 1:0 откако напаѓачот успешно погоди во 21-вата минута. За ваква радост, гостите чекаа дури од 1999 година, од голот на Марк Вивиен Фое против Осијек.
Нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се наоѓаат во стартната постава, но, барем засега, нивниот тим не може да му се спротивстави на премиерлигашот.
https://www.youtube.com/watch?v=rDJ4wOXGCP4
Интересен меч играат Бетис и Селтик, каде што по првото полувреме се видени четири погодоци (2:2). Гостите поведоа со 0:2 преку Ајети и Јурановиќ, но со головите на Миранда и Хуанми, шпанскиот тим се врати во игра.
На „Рајко Митиќ“, Црвена ѕвезда и Брага барем засега играат без погодоци.