Официјално: Хамес Родригес ги одбра парите, потпиша за катарски клуб

Колумбиската фудбалска ѕвезда Хамес Родригес потпиша договор со катарскиот клуб Ал-Рајан. Плејмејкерот потпиша тригодишен договор со катарскиот клуб.

Во минатата сезона Хамес играше за Евертон, стартот на сезоната му беше спектакуларен, ги држеше Карамелите во горниот дел на табелата, но набрзо почна падот, а капак беше смената на тренерот Анчелоти. Кога дојде строгиот Бенитес, Родригес, кому му треба целосна слобода во играта, веќе не беше во преден план. Сезонава Колумбиецот не одигра ниту една минута.

Поради тоа некогашниот член на Монако, Реал Мадрид, Баерн, Милан, Порто, бараше нов клуб и го најде во земјата во која следната година ќе се игра Светското првенство. Тренер во Ал-Рајан на 30-годишниот Хамес ќе му биде Французинот Лоран Блан.

- Оглас -

Најнови вести