Пари Сен Жермен со шест победи во шест меча покажа дека е главен фаворит за титулата во француското првенство, а последната победа на Светците беше на драматичен начин. На гости кај Мец, ПСЖ стигна до победата благодарение на голот на Хакими во 94-тата минута.
Освен погодоците што беа постигнати, мечот го одбележа нефер ферплеј-однесувањето на ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Најпрво, во 83-тата минута Мбапе требаше спортски да ја врати топката на противникот, но наместо тоа, голгетерот на ПСЖ реши да шутира кон голот на противникот.
Голманот на Мец, Александер Оукиџа, на неверојатен начин успеа да го одбрани ударот, кој требаше да биде пријателско враќање на топката, додека Мбапе наивно покажуваше дека не знаел дека само требало да ја врати топката.
Мбапе беше исвиркан поради овој потег, но тука не заврши неговото неспортско однесување. Кога Хакими погоди за 2:1 во 94-тата минута, Мбапе тргна да го провоцира домашниот голман. Оукиџа тргна кон Мбапе, а тогаш во одбрана на Килијан застана Нејмар, кој го турна голманот на Мец.
https://twitter.com/i/status/1440784136621363211