Меси го преферирал Кејлор Навас, Донарума се враќа во Италија?

Престојот на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен може да биде краток, пишуваат италијански медиуми. Донарума, кој со Италија стана европски првак и имаше голем придонес во титулата, не е задоволен од статусот во клубот и размислувал да си оди.

Тренерот Маурисио Покетино како да има голема доверба во Кејлор Навас и тој најчесто добива предност во однос на младиот италијански голман, кој е изолиран и почна да го губи трпението.

Агентот Мино Рајола веќе почнал да бара излез и се заканил дека ако ситуацијата остане иста, ќе дојде до разделба со францускиот тим. Донарума дојде како слободен агент во ПСЖ и Французите можат да заработат сериозна сума ако се решат на продажба.

Јувентус е најзаинтересиран за Донарума, не е исклучена и позајмица на Џиџио во најтрофејниот клуб. Ако ексголманот на Милан премине во Јуве, тоа би било следење на стапките на Џиџи Буфон, кој исто така по една сезона во Париз, се врати во родната земја и бранеше за Старата дама.

Навас има договор со ПСЖ до 2024 година, а се зборува и дека Лионел Меси и Нејмар го преферирале Навас пред Донарума, па и тоа има влјание врз тренерот Покетино. Најголемите ѕвезди немале ништо против Донарума, но повеќе го сакале Костариканецот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести