Карантинот во Австралија ја десеткува Македонија, Чолаковски и Божиновски не играат за младата репрезентација во октомври

Дуото од Австралија, Стефан Чолаковски и Метју Божиновски, нема да игра за младата репрезентација на Македонија против Фарски Острови и Ерменија во октомвриските квалификациски мечеви за настап на ЕП во 2023 година.

Поради задолжителниот карантин, двајцата репрезентативци нема да настапат во Клаксвик на 7 октомври и во Еереван на 12 октомври.

Отстутен ќе биде и Агон Елези, а неизвесен е и настапот на еден од главните играчи, Енис Фазлагиќ. Добра вест за Канатларовски е што во составот ќе биде Давид Тошевски, еден од нашите најталентирани млади репрезентативци.

„За овие два квалификациски натпревари едноставно сме принудени да правиме промени во тимот. Се соочуваме со проблеми бидејќи отсуствуваат неколкумина стандардни фудбалери. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради задолжителниот карантин во Австралија не се во можност да патуваат. Агон Елези поради повреда на коленото ќе биде надвор од тренажен процес во периодот што следува, а исто така поради повреда неизвесен е настапот, посебно за првиот натпревар, на Енис Фазлагиќ.

Отсуството на четворица стандардни првотимци реално е проблем за нас, но мораме да се соочиме со ситуацијата. Одиме на победа на двата натпревари. Извлековме многу позитивни работи од дуелите со фаворитите во групата, Франција и Србија, и се надевам дека резултатски ќе минеме многу подобро на октомвриските мечеви. Фарски Oстрови со нерешениот резултат против Франција потврдија дека се сериозна селекција, играат тимски, со многу борба и трчање во текот на сите 90 минути, но верувам дека ние ќе бидеме на максимално ниво и од нас ќе зависи победата на мечот“, изјави Канатларовски.

Еве го комплетниот состав за двата дуели:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимив (Кадино)

Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Александар Ѓурковски (Тиквеш 1930), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Ѓорѓе Јанкулов (Борец), Јован Манев (Брегалница);

Средина: Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дуго Поље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Методи Максимов (Работнички), Лука Трајковски (Борец)

Напад: Давид Тошевски (Горник, Полска) Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија)

Македонија по првите две кола има еден бод во групата, по ремито со Србија дома и поразот од Франција на гости.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести