Рајола ја „насамари“ Борусија Дортмунд во случајот со Халанд

Ерлинг Халанд е една од најбараните фудбалски ѕвезди во моментов, а неговиот агент Мино Рајола по сè изгледа ќе го продаде во некој од великаните наредното лето.

Играчот кој настапува во дресот на Борусија Дортмунд има договор до 2024 година и има откупна клаузула која изнесува повеќе од 100 милиони евра, но доколку биде продаден наредното лето, таа клаузула нема да постои, наводно, поради усмениот договор на Рајола со директорите на овој германски гигант. Сето тоа би им овозможило на заинтересираните клубови да го доведат по пониска цена.

За потсетување, Халанд во тимот од Дортмунд дојде за 20 милиони евра од РБ Салцбург, а оваа сезона на шест натпревари за екипата има постигнато седум гола и запишано три асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести