Ливаја му го затвори окото на Лончар и доби само жолт картон (Фото)

Напаѓачот на Хајдук, Марко Ливаја, куртули од исклучување по недозволениот старт со лакт во воздушен дуел со Даниел Лончар.

Играчот на Осиек објави фотографија од повредата на окото кое е комплетно затворено и со огромен подлив.

Ливаја доби само жолт картон за грубиот старт, а нема да игра против Шибеник на следниот дуел во хрватското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести