Клубовите ќе може да ги ослободат фудбалерите само на една недела пред СП

Националните тимови кои ќе учествуваат на Светското првенство во Катар во 2022 година нема да имаат доволно време за нормални подготовки за големо натпреварување какво што е Мундијалот.

Уште во јули годинава, сите 55 европски фудбалски федерации добиле документ од УЕФА во врска со СП 2022. Во документот стои дека европските клубови се обврзани да ги ослободат своите играчи кои ќе добијат покана за настап на СП, но тоа може да го направат не подоцна од 14 ноември 2022. Ако се знае дека Мундијалот во Катар почнува на 21 ноември, ова значи дека многу играчи нема да може да бидат повеќе од една недела со репрезентацијата пред почетокот на СП.

Инаку, Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, и понатаму цврсто стои зад идејата за СП на секои две години, и покрај противењето на најголем број европски и јужноамерикански земји.

„Уште сме во фаза на консултации, но СП е магичен турнир и затоа треба да се одржува почесто. Супербоулот се одржува секоја година. Исто така и Вимблдон и Лигата на шампионите во фудбал. Зошто да нема светско првенство на секои две години? Многу критичари велат дека е штетно, но студиите на ФИФА покажаа дека нема да се намали магијата на тоа натпреварување и кога би се играло на две години“, вели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести