Грчкиот шампион АЕК се враќа на големата сцена, по 12 години пауза, повторно ќе игра во Лигата на шампионите, но според Франк де Бур, Грците залудно доаѓаат во Амстердам.
„Ајакс ќе победи со 3-0 бидејќи е многу подобар тим од АЕК. Мислам дека имаме шанси и за второто место во групата, бидејќи и Бенфика не е непобедлива“, изјави поранешниот капитен на Ајакс.
Тој го предводеше тимот пред 14 години против АЕК на двата меча во фазата по групи и тогаш популарните „копјаници“ славеа два пати, на гости со 2-1 и дома со 2-0. Грците потоа повторно играа во ЛШ, две години подоцна, и тоа им беше последен настап до овој што ќе го почнат со гостување во Амстердам, вечерва од 18.55 часот.
Во групата со Ајакс, АЕК и Бенфика, главен фаворит за првото место е германскиот гигант Баерн Минхен.