Дејан Ловрен се подготвува за двата последни квалификациски мечеви на Хрватска во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар и на дуелите со Малта и со Русија доаѓа на подготовки во одлично расположение.
Со својот сегашен клуб Зенит од Санкт Петербург, стоперот вчера славеше победа од 7:1 против големиот ривал Спартак Москва, а Ловрен не заборави да го прослави и големиот триумф на поранешниот клуб Ливерпул со 5:0 на „Олд Трафорд“ против вечниот ривал Манчестер јунајтед.
7:1
0:5Not bad today!
— Dejan Lovren (@Dejan06Lovren) October 24, 2021
Хрватот играше за Ливерпул од 2014 до 2020 година, а потоа замина во Зенит, што значи дека неговите два последни клуба вчера славеа две убедливи победи во две големи дербија со вкупна гол-разлика од 12:1.