(Видео) Ова е спорно, што велите, заслужи ли Ампаду црвен картон?

Марко ди Бело мораше да донесе одлука дали да го исклучи Етан Ампаду во ситуација што е контроверзна, а се случи во 67-мата минута на мечот меѓу Венеција и Салернитана.

Италијанскиот судија му покажа директен црвен картон на играчот на Венеција по старт што предизвика многу коментари. Има различни мислења, дури Венеција најави и жалба по одлуката, што веројатно беше клучна да загубат од Салернитана со 1:2 на домашен терен.

Во моментот кога Ампаду беше исклучен, резултатот беше 1:1, а потоа со играч повеќе на теренот гостите од Салерно постигнаа гол, и тоа во 95-тата минута и победија со 2:1 на гости.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести