Американците очекуваа подвиг и две титули, ги растажија Зверев и Чилиќ (Видео)

Марин Чилиќ и Александер Зверев се победници на АТП турнирите во Санкт Петербург и Виена, откако во финалињата денеска ги победија Американците Тејлор Фриц, односно Франсес Тиафо.

Зверев беше подобар од Тиафо со 2:0, 7:5 и 6:4 по сетови и го освои пехарот во Виена, на кој забележа пет победи на патот кон титулата.

Чилиќ направо мал подвиг и со 2:1 во сетови го надигра Тејлор Фриц, вториот Американец кој денеска загуби финален меч за титула.

Хрватот губеше со 1:3 во последниот сет, но најпрво врати брејк, а потоа и направи клучна предност за 5:4 и на свој сервис не пропушти шанса за јубиејниот 20-ти трофеј на тениските турнири.

https://twitter.com/TennisTV/status/1454842335506927616?s=20

Со тоа се приклучи на одбраното друштво на уште само петмина активни тенисери, кои имаат 20+ пехари на АТП турнирите, а меѓу нив се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј и Хуан Мартин Дел Потро.

Интересно е што Чилиќ еднаш претходно веќе го креваше пехарот на турнирот во Санкт Петербург и тоа пред 10 години, а и тогаш во финалето победи со 2:1 во сетови, против Јанко Типсаревиќ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести