Аријан Адеми со Динамо Загреб и Дејан Илиев како голман на Арсенал ќе ја имаат улогата на привилегирани со своите клубови на ждрепката за нокаут-фазата во Лигата на Европа.
Во понеделник, во Нион ќе се одржи ждрепката за следната фаза, што ќе се игра на директна елиминација во двомеч на 32 екипи.
Интересно е што Македонија има четири играчи во различни тимови, сите се репрезентативци и поделени се два на два.
Можни ривали на Адеми и на Илиев ќе бидат Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон и Елиф Елмас со Фенербахче.
Португалските „лавови“ на Ристовски се во групата екипи што не се носители на ждрепката во Нион, а во истиот барабан ќе биде и Фенер на Елмас.
Носители: Арсенал, Челзи, Наполи, Интер, Баер Леверкузен, Динамо Загреб, Валенсија, Севилја, Бетис, Вилјареал, Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Салцбург, Динамо Киев, Зенит и Генк.
Неносители: Спортинг Лисабон, Фенербахче, Галатасарај, Лацио, Шахтар, Селтик, Бате Борисов, Рен, П’лзењ, Рапид Виена, Бриж, Малме, Цирих, Славија Прага, Олимпијакос и Краснодар.