Ливерпул и Ајакс им се придружија на Баерн Минхен и Јувентус како четири клуба кои обезбедија осминафинале во Лигата на шампионите на две кола до крајот на групната фаза. Сите овие тимови имаат максимални 12 бода и сите се поранешни европски шампиони.
Од друга страна, без шанси да одат понатаму се Лајпциг, Бешикташ и Малме.
Себастиен Але од Ајакс погоди и вечерва, па сега тој има 7 гола на четири меча во својата кариера во ЛШ. Тој им се придружи на Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо како единствени фудбалери кои даваа гол во сите досегашни четири кола.