Кој не се тушира нека се враќа на терен – Судија го утна времето, па ги бараше фудбалерите да го доиграат мечот (Видео)

Халис Озкаја го утна времето предвидено за продолжение на мечот меѓу Газијантеп и Касимпаша и четири минути порано отсвири крај, па потоа ги бараше фудбалерите да се вратат на терен и да доиграат уште пет минути.

Четвртиот судија на мечот од турската Прва лига покажа 9 минути судиско продолжение, а Озкаја свирна крај порано, па потоа од соблекувална ги врати да го завршат натпреварот.

За негова среќа Газијантеп имаше предност од 2:0, па во доиграните пет минути немаше промена на резултатот, откако мечот веќе беше решен во корист на домашниот тим.

https://twitter.com/beINSPORTS_TR/status/1456701292903030787?s=20

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести