Уплати од 100 денари викендов носеа фантастични добивки

Бројните неочекувани резултати на фудбалските натпревари кои се играа викендов низ Европа не значеа дека немаше обложувачи кои нема да се најдат на шалтерите за исплата во обложувалниците на Sport Life. Три одлични тикети на коишто беа уплаќани по 100 денари, усреќија тројца обложувачи низ Македонија со големи добивки.

ПРИЛЕПЧАНЕЦ „СМРЗНА“ ВО 92-РА МИНУТА, ПА СОНЦЕ СИЛНО ГО ОГРЕА ДВЕ МИНУТИ ПОДОЦНА

На уплатно место на Sport Life во Прилеп, еден прогнозер со 100 денари уплата, дојде до добивка од 98.000, и тоа благодарение само на три меча кои ги типувал X-2&2-4. Трите квоти се големи, од 8.00 нагоре.

Овој прилепчанец „намирисал“ дека Пасош Фереира против Спортинг Лисабон ќе игра нерешено на полувреме, но ќе загуби на крај и притоа на средбата ќе има 2-4 гола. Тоа го типувал и на средбите Бетис – Севилја и Гројтер Фирт – Ајнтрахт, а и таму исходите му одговараа.

На мечот во Германија, Гројтер изедначи на 1-1 во 92-рата минута и кога овој обложувач веројатно помислил дека тикетот за малку ќе му биде недобитен, Колумбиецот Боре од Ајнтрахт даде гол во 94-тата минута за голема радост во Франкфурт и Прилеп.

ЛУДА СРЕЌА КАКО НА ФИЛМ ЗА ОБЛОЖУВАЧ ОД ПРОБИШТИП

Во Пробиштип уплата од 100 денари на тикет со пет натпревари, на прогнозер му донесе добивка од 30.964 денари. Овој прогнозер точно погодил пет фикса на конечен тип, од кои четири се „иксови“.

Тој, меѓу другото, предвидел дека нерешено ќе заврши дуелот на Валенсија против Атлетико и со многу среќа дојде до добивка. Хуго Дуро даде два гола во судиското продолжение за 3-3, шокирајќи го првакот од Мадрид, кој имаше два гола предност до 91-вата минута.

Единица е типувана и на Сент Етјен против Клермон, а Светците до победа дојдоа со голови во 91-ва и 93-та минута, откако до 90-та губеа со 1-2.

БИТОЛЧАНЕЦОТ СО „РУТИНСКА“ ДОБИВКА ОД НАД 142.000 ДЕНАРИ

Уплата од 100 денари во саботата беше среќна за обложувач кој уплатил тикет во Sport Life во Битола. Стотката ја претвори во добивка од 142.724 денари.

Овој играч погодил шест исходи на саботни вечерни фудбалски мечеви, и тоа полувреме-крај, а на пет меча како додаток на дуелите има и број на голови. Битолчанецот немал „тресење“ да чека гол во самиот финиш, но стравувал дека некаде може да падне гол кој ќе му го урне тикетот и за негова среќа, такво нешто не се случи.

- Оглас -

Најнови вести