Србите незадоволни од изборот на судија, „ќе се турка“ Роналдо на Светско првенство

Српските медиуми пишуваат за „скандалозен“ потег на УЕФА со изборот на Хезус Хил Мансано за главен судија на натпреварот Република Ирска – Португалија, кој ги засега и Србите, кои на овој меч чекаат кикс на Кристијано Роналдо и другарите.

Ако Португалија не победи во Даблин, тогаш в недела вечерта, во последното коло на Србите ќе им биде доволен и бод на гостувањето кај Португалците за директен пласман на Мундијалот во Катар. Според Србите, недозволиво е на Португалците во толку важен меч да им суди арбитер од соседна земја.

„Нам никогаш не би ни делегирале црногорски судии, нам никогаш судиите не ни се извинуваат за грешките“, коментираат српски новинари.

Во Србија постои страв дека откако тие добија помош од судиите во март во Белград, кога не му беше признат гол на Кристијано Роналдо, сега УЕФА ќе сака да компензира и да се извади за неправдата, со тоа што овојпат ќе им помогне на Португалците на патот кон Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести