Агуеро се огласи по најавите дека мора да ја заврши кариерата

Еден од најдобрите напаѓачи во изминативе десетина години, Серхио Агуеро неодамна имаше неочекувани здравствени проблеми. Аргентинецот во дресот на Барселона почувствува потешкотии во дишењето и мораше да го напушти теренот, а по лекарските прегледи беше констатирано дека има срцеви проблеми.

Лекарите препорачаа дека Агуеро треба да биде на тримесечна контрола од лекарите, а потоа да се даде поточна дијагноза, но денеска голем дел од светските медиуми објавија дека голгетерот ќе ја заврши кариерата.

Поради ваквите натписи, Агуеро реши да се обрати преку социјалните медиуми.

„По сите шпекулации кои се појавија, сакам само да ви кажам дека јас ги следам советите од клупските лекари, правам соодветни тестови и третмани. Подобрување треба да има по 90 дена. само позитивно“, порача Агуеро.

Искусниот 33-годишен напаѓач ја игра првата сезона во Барселона и досега одигра само пет меча. Претходно одигра дури 10 години во дресот на Манчестер сити, каде е жива легенда со 260 погодоци во 390 натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести