Гоберт за два дена прави два инциденти, Кливленд со фантастичен пресврт до победа (Видео)

Францускиот кошаркар во редовите на јута џез, Руди Гоберт очигледно е највоинствениот играч во НБА лигата сезонава. По тепачката што пред два дена ја имаше со Мајлс Тарнер од Индијана, Гоберт ноќеска направи уште еден инцидент.

На дуелот против Мајами, Гоберт малку фалеше да се степа и со Девајн Дедмон. За среќа, двајцата кошаркари навреме, самите ги смирија страстите и немаше поголем инцидент. На крајот, Мајами славеше на гостувањето кај Јута со 111:105.

Лос Анџелес клиперс продолжува со блескавите игри и стигна до седмата победа во низа, овојпат на свој терен против Минесота со убедливи 129:102. Пол Џорџ одигра одличен меч и беше предводник на Клиперси со 23 поени, девет скока и 4 асистенции.

Најнеизвесно беше во Кливленд каде домаќинот со чудесен пресврт стигна до победа од 91:89 во дуелот против Бостон. Гостите водеа речиси во текот на целиот меч, а предноста во третата четвртина изнесуваше и дури 19 разлика (72:53 на 15 минути до крајот). Домаќините сепак не се предадоа и со фантастична игра во последната четвртина стигнаа до голем пресврт и победа на крајот.

Реултати: Јута – Мајами 105:111, Индијана – Филаделфија 118:113, Њу Орлеанс – Мемфис 112:101, Орландо – Вашингтон 92:104, Торонто – Детроит 121:127, Кливленд – Бостон 91:89, ЛА Клиперс – Минесота 129:102.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести