Јокиќ како да „повлече нога“, утрово нова европско-американска тепачка во НБА (Видео)

Инцидентот на средбата Јута џез – Индијана пејсерс ја одбележа синоќешната мини-програма во НБА-лигата, во која се одиграа само три натпревари. Гостите победија со 111-100, а закачката помеѓу Руди Гобер и Мајлс Тарнер предизвика голема мешаница на паркетот и четири исклучувања.

На четири минути до крајот, Гобер беше изблокиран од Тарнер, а Французинот, кој загуби баланс и падна, со себе го повлече противникот за гаќичките. Налутениот Тарнер тргна да го удри Гобер со бодичек, по што двајцата се најдоа во клинч, во нешто што личеше на борење во грчко-римски стил.

Екипата на Јута мина полошо бидејќи освен Гобер, беа исклучени и Донован Мичел и Џо Инглс, па Џез без трите ѕвезди мораше да го доигра натпреварот. За Јута ова е прв домашен пораз сезонава.

Инаку, Торонто како гостин победи во Филаделфија со 115-109, а дома победи само ЛА клиперс против Мајами со 112-109. Клиперс има серија од шест победи по ред.

- Оглас -

Најнови вести