Ван Хал падна од велосипед, па се појави со чудно помагало на тренингот на Холандија (Видео)

Луис ван Хал се повреди откако падна од велосипед, но не се откажа од својата функција и тренингот на репрезентацијата на Холандија го водеше на необичен начин и со необично помагало.

Холандскиот селектор моментно користи инвалидска количка, а на тренинг и на терен се појави со помош на мини-возило за голф.

Louis van Gaal rides a golf cart during training after he injured himself from soccer

 

Ван Хал и неговите избраници утре ќе имаат задача да не загубат од Норвешка на свој терен на култниот „Де Кајп“ во Ротердам за да играат на Светското првенство во Катар следната година.

На Лалињата им одговара реми бидејќи имаат многу подобра гол-разлика од Турција, но ако загубат, а Турците победат во Подгорица против Црна Гора, ќе бидат елиминирани.

Двата меча од Г групата се играат утре, а пред стартот на последното коло, Холандија е лидер со 20 бода и со гол-разлика од плус 23, пред Турција со 18 и гол-разлика 25:15 и Норвешка исто така со 18 бода и гол-разлика 15:6.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести