Барселона денеска го претстави Дани Алвес за нов играч.
Искусниот бразилски фудбалер по пауза од пет години, се врати на „Камп ноу“, но се чини дека тоа е само загревање за тоа што следува.
Како што е познато, Чави исто така се врати, но овојпат како тренер на клубот, а претседателот на тимот, Хуан Лапорта, на прес-конференција не отпиша враќање на Лео Меси и Андрес Иниеста.
„Нема да отпишам никого бидејќи годините се само број како што е случајот со Дани.
Никогаш не се знае, Меси и Инеста се едни од најважните играчи во историјата на Барселона и не можам да предвидам што ќе се случи утре.
Тие се под договор со други клубови, но никогаш не се знае“, кажа Лапорта.