Балотели: Пешки би одел од Турција до Италија за да играм во баражот во март

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели, кој е член на турски Адана Демирспор, изјави дека доколку добие повик од селекторот Роберто Манчини за настап на баражот за Светско првенство во март, би одел и пешки од Турција до Италија за да биде со националниот тим.

Балотели, кој има 31 година, за Аѕурите нема играно од септември 2018 година, а вели дека имал телефонски разговор со Манчини.

„Имав голема пауза и нормално е што не сум како порано. Но, сега веќе добро се чувствувам, во форма сум. Чувствувам дека сум подготвен да се вратам во репрезентацијата. Тоа би ми било остварување на сонот. Би одел и пешки од Турција ако знам дека ќе бидам во составот за баражите во март“, вели Балотели, кој сезонава во турската суперлига има 5 гола и две асистеции на 12 меча.

Италијанците, кои се европски прваци, покажаа голема неефикасност во квалификациите за СП и тоа им е еден од клучните проблеми што ризикуваат да пропуштат втор Мундијал по ред.

- Оглас -

Најнови вести