Поради зголемениот број пациенти позитивни на вирусот ковид-19, властите во Баварија одлучија да воведат нови рестрикции за тие што одбиваат да се вакцинираат.
Па така, тие што не се имунизирани, не смеат да престојуваат во хотел или да влезат во ресторан, а меѓу нив се и четворица играчи на Баерн Минхен.
Џошуа Кимих, Ерик Чупо Мотинг, Серж Гнабри и Џамал Мусаила не смеат да бидат во хотелот со својот тим каде што ќе бидат сместени пред вечерашниот, како и на наредните гостувања во Бундеслигата.
Покрај нив, пред една седмица и Николас Зуле излезе позитивен на корона-тестот, па тој сега е во изолација.
Пред неполн месец, Кимих изјави дека не планира да се вакцинира бидејќи сè уште не е сигурен од долготрајните несакани ефекти од вакцината.