Словачката фудбалска, па и спортска јавност е шокирана од еден скандал кој беше откриен неодамна. Еден 15-годишник, член на клубот Дружственик, незадоволен од тоа како 22-годишниот судија Петр Павл делел правда, одлучи со насилство да го реши проблемот.
Фудбалерот Адријан Богар е главниот негативец во оваа приказна. Тој изненадно, додека стоеше покрај судијата, од одзади со тупаница го удри в лице судијата. Павл со рацете си го прекри лицето и тргна кон соблекувална, а се гледа дека има крв.
Судијата имал скршен нос и расекотина на устата, а насилникот Богар доби забрана за занимавање со фудбал во траење од пет години.
Погледнете го подмолниот нокаут врз судијата: