Судот пресуди: Бензема е прогласен за виновен за уцена кон Валбуена!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е прогласен за виновен за аферата „секс снимка“ со која во 2015 година го уценувал својот поранешен репрезентативен колега Матје Валбуена. Судот во Версај му одреди на Бензема условна затворска казна од една година и парична казна од 75.000 евра.

Ако Бензема го повтори делото, ќе треба да лежи во затвор, а вака казната е само условна и тој ќе биде на слобода и ќе може да продолжи да игра фудбал. Од Француската фудбалска федерација потврдија дека пресудата нема да влијае на спортската кариера на напаѓачот во националниот тим и Бензема ќе биде во составот на Триколорите за Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести