Баерн гази се пред себе на фудбалските терени, но на баварскиот гигант му се случи хаос на Собранието на клубот што за малку ќе беше прекинато по протестот на навивачите.
Тие во голем процент од 78 посто гласаа за предлог резолуцијата за заштита на човековите права, а ударот и протестот е насочен кон еден од спонзорите на Баерн, „Катар ервејз“.
Причината е позната, симпатизерите на Баерн се против одлуката на ФИФА да му го додели Светкото првенство на Катар, поради кршење на човековите права.
На мечот со Фрајбург истакнаа и транспарент против „Катар ервејз“, но интересно е што токму спонзорскиот договор со авиокомпанијата го спаси Баерн од минусно салдо во годината со голема пандемија со Ковид-19.
На Собранието на клубот беше објавено дека Баерн е во плус од 1.9 милиони евра во сезоната 2020/21 што во услови на криза и голем број на мечеви без публика е одличен ефект.
Сепак и тоа не беше доволно за да се задоволат вкусовите на навивачите, па Собранието за малку ќе беше прекинато.
„Ова се најлошите моменти на кои сум присуствувал откако сум во Баерн. Срам ми е“, изјави Ули Хенес, кој е почесен претседател на Собранието на германскиот гигант.