Арсенал имаше доволно оружја за победа над немоќниот Њукасл (Видео)

Неверојатната утка на Обамејанг, за среќа на Арсенал не се покажа како кобна за нив во дуелот со Њукасл. Топчиите го победија најслабиот тим во Премиерлигата со 2-0 со голови на Букајо Сака и Габриел Мартинели, особено убав беше вториот погодок.

Мартинели даде гол само 93 секунди по влегувањето во игра, и со вториот допир на топката. Габриел уште од јануари 2000 немаше постигнато гол на „Емирејтс“ во Лондон.

Арсенал дома никогаш не загубил од тим кој во моментот е последен на табелата, и таа традиција продолжи. Со победата, Арсенал се изедначи по бројот на бодови со Вест Хем, но Чеканите имаат и меч помалку.

Чавките и после 13 кола сезонава не знаат за победа, па може да се случи доаѓањето на новите богати саудиски газди да биде задоцнето, и Њукасл во следната сезона да игра во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести