Од најавен дебакл за навивачите, кои требаа да го гледаат само првото полувреме на дербито во Романија меѓу Универзитатеа и ФЦСБ, мечот се претвори во вистински спекаткл за сите што присуствуваа на драмата на „Јон Облеменко“ во Крајова.
Мечот заврши со победа на гостите од Букурешт со 3:2, со гол во 91. минута што го постигна Кордеа.
Тоа ќе значеше дека навивачите ќе можат да го гледаат само првото полувреме и потоа ќе мора да си заминат дома.
Но, проработе разумот и мечот беше вратен 15 минути порано од првобитниот термин од 19.30 часот, а влезниците останаа со иста цена, само 0.20 евра, односно околу 12-13 денари.
Дозволениот капацитет беше 30 посто, а сите што беа присутни видоа вистински фудбалски спектакл и веројатно најубавиот меч сезонава во Романија.
Иван со гол во 13. минута и донесе предност на Универзитатеа, но потоа Думитер и Сут со голови во 16. и во 39. минута направија пресврт.
Студентите од Крајова ги израдуваа навивачите со израмнување на 2:2, а голот го постигна Георге, но Кордеа го имаше последниот збор и со погодок во 91. минута и донесе победа на Стеауа, односно на ФЦСБ, како што сега се вика гигантот од Букурешт.
Мечот заврши по 21 часот, а навувачите добија уште еден попуст и влезниците им важеа како Ковид пропусници за да стасаат дома по предвидениот термин до 21 часот.