Поголема глупост немало – Навивачите ќе можат да го гледаат дербито само едно полувреме

Чудна одлука донесоа претставниците на Романската фудбалска федерација, во координација со Министерството за здравство и се однесува на навивачите на Универзитатеа и Стеауа, или како што сега клубот се нарекува ФЦСБ.

На нив им се приклучи и домаќинот Универзитатеа со одлука наместо од 19.30 часот како што беше првично одредено, дербито на 17. коло да се игра од 20.15 часот.

Тоа значи дека навивачите ќе можат да го гледаат само првото полувреме и потоа ќе мораат да си заминат.

Во Романија има вонредни мерки поради пандемијата со Ковид 19 и сите што ќе присуствуваат на мечот ќе мора да си заминат во 21 часот од стадионот „Јон Облеменко“ во Крајова.

Со одлука на Владата на Рманија дозволено е присуство на стадионите до 21 часот и тоа во ограничен капацитет од 30 посто.

За ваквата досега невидена ситуација и во романскиот, но и светскиот фудбал единствено добро е што билетите се по супер скромни цени и најевтината влезница ќе чини само 0.2 евра, или околу 12 денари.

- Оглас -

Најнови вести