Холандија го имаше најлошиот фудбалски ден во последните 29 години со ефект од само четири гола на вкупно пет натпревари што се играа во недела.
Два меча меѓу Твенте и Феенорд и Витезе и АЗ Алкмар завршија со резултат 0:0, а уште на два имаше по еден гол.
Ајакс ја победи Спарта во Ротердам со 1:0, идентично како и Утрехт, кој славеше со минимален резултат против Хераклес.
Да не беше мечот меѓу Херенвен и ПСВ Ајндховен, единствен на кј беа постигнати два гола и заврши 1:1 ќе беше урнат иили израмнет рекордот од февруари 1992 година кога на пет меча беа постигнати само три гола, што е најлош биланс во земјата што се смета за иноватор со стратегијата за тотален фудбал.