Украина ја победувавме трипати, за покер коефициентот во Sport Life е 5.80

Македонија има 3-1 против Украина на досегашните четири меѓусебни официјални натпревари, но денеска е апсолутен аутсајдер во Киев, во второто коло од квалификациите за настап на Светското првенство што ќе се игра во 2023 година.

Предводени од Летонецот Багатскис, Украина очекува победа, која би била нивна прва во Г групата.

Во 2010 година во квалификациски натпревари за настап на ЕП ги победивме Украинците на гости со 71:58, а потоа го повторивме успехот и на домашен терен и славевме со 71:55. Имаме најубедлива победа од 84:58 и во квалификациите за ЕП 2001. Поразот од Украина ни е во дуел од квалификациите за ЕП 2001.

Во првото коло загубија од Грузија со 88:83 на гостински терен, а Македонија беше декласирана од Шпанците со 94:65 во Скопје.

Коефициентите во Sport Life за мечот што ќе се игра од 18 часот во Киев се интересни и ако верувате во хет-трик на Македонија против Украинците квотата е 5.80.

За победа на домаќините понудата е 1.16, а за нерешено е дури 18. Вкупно во богатата понуда на Sport Life за овој меч има 161 различни игри.

 

- Оглас -

Најнови вести