Само овој човек и уште неколкумина знаат кој е освојувач на „Златната топка“, никој друг

Вечерва конечно ќе бидат разрешени дилемите околу тоа кој ќе биде добитник на „Златната топка“ која ја доделува магазинот „Франс фудбал“, се шпекулира дека победник ќе биде Лионел Меси или Роберт Левандовски, а вистината ја знаат само главниот уредник на „Франс фудбал“, неговиот заменик и освојувачот на признанието.

Лани поради пандемијата не се додели наградата за најдобар фудбалер на светот, и можеби годинава Левандовски ќе го добие признанието кое требаше да го освои лани, или пак Французите ќе го наградат Меси за трансфер во клуб од нивната земја.

Меси и Левандовски се фаворити, а во топ 5 треба да влезат и Карим Бензема, Мохамед Салах и Жоржињо. Но, додека не се случи церемонијата и моментот на прогласување, победникот ќе го знаат само уредникот Паскал Фер, неговиот заменик, и освојувачот. И заменикот ја има информацијата, за не дај Боже, ако на Фер му се случи нешто лошо, а веќе е направено и тајно фотографирање и интервју со освојувачот на „Златната топка“ за 2021 година.

Годинава тајната успешно се чува, а Фер порача дека навивачите ќе бидат задоволни кога ќе слушнат кој е победник на 65-тото доделување на „Златната топка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести