Навивачите збеснаа кога стана јасно дека нивниот тим ќе загуби дома од градскиот ривал (Видео)

ПАОК на свој терен загуби во солунското дерби од Арис со 0:1, а домашните навивачи едноставно не можеа спортски да го прифатат неуспехот. Се играше судиското надополнување кога домашните навивачи започнаа да дивеат.

Најпрво фрлија неколку факли и димни бомби на теренот, а потоа и десетина навивачи втрчаа на теренот, по што фудбалерите избегаа кон соблекувалните.

Мораше да реагира и полицијата, а прекинот траеше 20-тина минути. На крајот мечот продолжи и се доиграа последните две минути, а Арис победнички си замина од легендарниот стадион „Тумба“ во Солун. Стрелец на победничкиот гол беше Даниел Манчини во 41-вата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести