Реал Мадрид синоќа минимално со 1:0 го победи Атлетик Билбао и ја задржа челната позиција на табелата. Карим Бензема беше стрелец на единствениот гол за Кралевите, но за играч на мечот беше прогласен голманот Тибо Куртоа, кој имаше многу одбрани и го спаси голот на Реал.
Покрај Бензема и Куртоа, одличен беше и младиот Винисиус Јуниор. Играчот кој има одлична сезона, во неколку ситуации буквално ги излуди противничките играчи.
https://twitter.com/i/status/1466161131526008834
Нико Вилијамс и Оскар де Маркос едноставно не можеа да го чуваат Винисиус, кој сезонава во 19 меча за Реал во сите натпреварувања има одличен биланс од 11 голови и седум асистенции.