Одлична вест која ги стопли срцата на многу љубители на фудбалот, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен повторно тренира!
Пред 173 дена Ериксен колабира на теренот за време на мечот Данска – Финска од ЕВРО 2020 и лекарите одвај се изборија за неговиот живот. На Данецот му беше вграден дефибрилатор, па поради тоа веќе не смее да игра во Италија, иако е под договор со Интер до крајот на јуни 2024 година и од ФИФА добива плата од 7 милиони евра годишно, колку што му е договорот со Нераѕурите.
Се шпекулира дека во следната сезона би можело да заигра за Ајакс, но во моментов Ериксен тренира со персонален тренер во тренинг-центарот на Оденсе Болдклуб и тоа е прв конкретен чекор кон негово враќање на терените.
Ериксен во јуниорските денови играше за Оденсе, од каде што премина во Ајакс во 2009 година. Потоа беше член и на Тотенхем и Интер.