Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, покажа дека има смисла за хумор и ги изнасмеа новинарите кои беа присутни на неговата прва прес-конференција како главен тренер на Црвените ѓаволи.
Германецот беше прашан дали е вистина дека во договорот има клаузула со која тој би добил бонус од 10 милиони евра ако успее да го донесе Ерлинг Халанд во Јунајтед.
„Чекајте да проверам. Десет милиони за Халанд, 10 милиони ќе земам за Мбапе, 10 милиони за Левандовски, 10 милиони за Кимих. Не, ова е нонсенс. Нема такви работи во мојот договор“, рече Рангник, кој прво се шегуваше, а потоа објасни дека тоа не е вистина.
#RalfRangnick jokes and shuts down rumours about #Haaland & other superstars joining #mufc pic.twitter.com/cjgmeiBQTc
— Rangnick Reds (@RangnickReds) December 3, 2021