Халанд се жали на арогантниот судија: За кој пенал ме прашувате, имаше повеќе (Видео)

Борусија Дортмунд загуби со 2:3 од Баерн во извонредниот „Дер Класикер“ на германскиот фудбал, а домашниот тим смета дека е оштетен од судијата Феликс Цвајер, кој не сакаше ниту да ги провери спорните моменти со помош на ВАР технологијата.

„Ова е скандалозно судење. За кој пенал ме прашувате, имаше најмалку два недосудени за нас. Реагирав кај судијата за да провери со помош на ВАР, но тој беше арогантен и одби. Нервозен сум, морам да се смирам“, изјави Ерлинг Халанд.

Дербито беше фантастично со пресврти и пет гола, а победи Баерн со 3:2 и се зацврсти на врвот на табелата во Бундеслигата со 34 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести