Белингам го обвини Феликс Цвајер дека местел, судиското лоби тргна во контранапад со кривична пријава (Видео)

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам се соочува со голем проблем и кривична пријава, по изјавата што ја даде веднаш по завршувањето на германското дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Гостите победија со 3:2, а во таборот на Милионерите беа незадоволни од судењето на Феликс Цвајер.

Ерлинг Халанд и Џуд Белингам во изјавите по мечот го нападнаа судијата дека бил пристрасен и арогантен и не досудил барем два пенали за Борусија.

Особено остра беше изјавата на Белингам, кој рече дека не очекувал ништо повеќе од судија кој учествувал во местење на натпревари во минатото.

Судиското лоби му поднесе кривична пријава, што значи дека Џуд во најмала рака може да добие суспензија и да не игра на неколку натпревари.

Олеснителна околност за ѕвездата на Борусија би можело да биде поранешна изјава на Мануел Графе, кој е поранешен судија, а го обвини Цвајер дека земал мито и ја криел информацијата за еден од најголемите скандали во Германија поврзан со уште еден судија, Роберт Хојцер.

Цвајер беше обвинет и суспендиран на шест месеци поради тоа што земал 300 евра мито од Хојцер, судија кој учествуваше во скандал со местење на натпревари и беше суспендиран доживотно.

 

- Оглас -

Најнови вести