Вардар извади три бода од калта во Боговиње

Вардар се намачи, но на крајот победи на тешкото гостување во Боговиње против Беса, во меч од 14-тото коло во Втора лига Запад. Голот на Филип Петковски во 78-мата минута, постигнат со глава, беше доволен за Вардар да ги освои трите бода.

Теренот на игралиштето во село Боговиње речиси целиот беше прекриен со кал, а дополнителен проблем беше дождливото време.

Освен Вардар, победија и останатите два тима кои се борат за влез во Прва лига. Силекс дома беше сигурен и со 3:1 славеше над Тетекс, додека Воска со 2:1 ја победи Велешта на гости.

Во останатите мечеви: Охрид – Гостивар 4:2, Кадино – Кораби 1:3.

Табела: Силекс 38 бодови, Воска 29, Вардар 26, Кораби 19, Тетекс 18, Гостивар 17, Охрид 14, Велешта 14, Беса 13, Кадино 6 бодови.

- Оглас -

Најнови вести