Емануел Денис го постигна седмиот гол во Премиерлигата, вечерва против Брентфорд во поразот од 2:1 на Ватфорд на гостински терен и стана вториот највлијателен играч во категоријата погодоци плус асистенции во англиското првенство.
Напаѓачот на Ватфорд му донесе предност на својот тим на гости кај популарните Пчели, со гол во 24. минута и сега има комбинација од 7 погодоци и пет асистенции.
Пред него е само Мохамед Салах со 13 голови и 9 асистенции, или со НХЛ речник офанзивецот на Ливерпул има вкупно 22 поени.
Сепак Денис не успеа да се израдува на победа, откако Брентфорд направи комплетен пресврт во второто полувреме.
Понтус Јансон израмни на 1:1 во 84 минута и ја прекина долгата серија од 93 натпревари без постигнат погодок.
Брајан Мбеумо со гол во 95. минута му донесе победа на Брентфорд од 2:1.