Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, му ја отвори вратата на Пол Погба за заминување од клубот.
Германскиот стручњак мисли дека нема потреба да го премислува Погба, на кого договорот му истекува во јуни, и налето како слободен може да си замине. ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус се најзаинтересирани за 28-годишниот Французин.
„Играчите треба да сакаат да играат за голем клубот како Манчестер јунајтед. Ако некој не сака да игра долго време за ваков клуб, нема смисол да го премислувам и да го убедувам да остане. Ова е голем клуб со одлични навивачи, мислам дека никој не треба да биде убедуван и теран да остане“ – рече Рангник.