ФФМ им ги скрати крилјата на гулабите каде што најмогу боли – Шкупи доби две казни за инцинетите со Шкендија

Лидерот во првата македонска фудбалска лига, Шкупи доби казна со настап на два меча без публика од Фудбслаката федерација на Македонија, поради инцидентите на дербито со Шкендија и ќе мора да плати и парична глоба од 5.000 евра.

Шкендија се жалеше на лошиот однос на домаќините и особено на публиката на „Чаир“, а гостинските играчи беа гаѓани со тврди предмети од трибините.

Имаше и соопштенија од двете страни по мечот што заврши нерешено, 1:1, а комуникацијата со соопштенија ја прекина ФФМ со изречените казни.

Шкупи е лидер во Првата лига со 42 бода, има огромна поддршка од публиката на „Чаир“ па хендикеп ќе биде настапот пред празни трибини публика на дуелите со второпласираната екипа на Академија Пандев и потоа против Тиквеш.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести